За нас

СН Сервис е лиценциран станбен управител, со лиценца за работа бр. 08-244/3 од Регулаторната комисија за домување која врши дејност – управување и одржување на станбени, станбено-деловни и деловно-станбени објекти согласно одредбите од Законот за домување. Согласно на утврдените високи страндарди на работа, за кратко време стекнавме одлична репутација како кај клиентите, така и кај соработниците.
На нашите клиенти им нудиме различни можности за нивниот имот, во согласност со нивните индивидуални потреби и желби. Независно од личните префененции и приоритети, секогаш применуваме индивидуален пристап, персонализиран однос и висока посветеност.
Нашите вештини и искуство гарантираат дека можеме да се погрижиме за секоја ваша потреба, поврзана со финансиско или административно управување, хигиена или техничко одржување. Пакетите со услуги кои ги нудиме се креирани да одговараат на потребите на нашите клиенти, со реални цени, соодветен квалитет и брза и ефикасна услуга.
Нашите вработени се внимателно избрани, со соодветно образование и стручна обука, се со цел да обезбедиме максимална професионалност. СН Сервис не е уште една компанија за управување со имот, Ние одговараме за преземените обврски и работиме за целосно задоволство на нашите клиенти и заштита на нивните интереси.

Ние веруваме дека нашата работа денес, ја гради нашата репутација утре!

Никола Субашевски,
управител,
СН Сервис

СН СЕРВИС затоа што:

  • СН СЕРВИС е професионален
  • СН СЕРВИС е наврмен
  • СН СЕРВИС е ажурен
  • СН СЕРВИС е уреден
  • СН СЕРВИС е достапен 24/7
  • СН СЕРВИС има добар однос
  • СН СЕРВИС се усовршува и надградува
  • СН СЕРВИС секогаш доставува сметка/фактура

ВАШ УПРАВИТЕЛ ПРЕКУ ЕДНОСТАВНА ПОСТАПКА

1. Исконтактирајте со нас


Комуникацијата со нас може да ја остварите на повеќе начини:

Добро е да ги одредите основните параметри како адреса, број станови, катови, потребни услуги за користење, за да можеме што поскоро да ја изработиме понудата за вас.

2. Изработуваме понуда


После остварена комуникација, ви ја презентираме нашата понуда која е прилагодена на вашиот имот и потреби. Понудите ги изработуваме индивидуално за секој клиент, се со цел да се задоволат потребите на нашите клиенти, а притоа цената да биде соодветна на нив. Понудата во зависност од желбата на клиентот може дополнително да се менува и прилагодува. Понудата ја презентираме индивидулано во нашата канцеларија или на состанок со сите станари.

3. Потпишуваме договор


Подготвуваме договор во согласност со законските норми и прописи. За скучување на истиот потребно е да се организира состанок на сопствениците каде истиот ќе биде презентиран од наша страна, изгласан и потпишан од намалку 50% + 1 од сопствениците. Потпишаниот договор е гаранција за квалитетно, навремено и професионално извршување на услугите на СН Сервис. Истиот може бесплатно да биде раскинат во секој момент согласно законските прописи и регулативи.

4. Соработката започнува


Со влегување во сила на договорот, ние веднаш ги превземаме обврските кои произлегуваат од истиот. Навремено, квалитетно и одговорно ги извршуваме нашите обврски, а достапни сме 24/7 за сите останати потреби. Сметките за наплата секој месец се доставуваат до вашето поштенско сандаче.